Адриен Рабиот речиси сигурно во зимскиот трансфер период ќе ги напушти редовите на ПСЖ.
Францускиот фудбалер за Парижаните настапува уште од 2013. година, а иако оваа сезона беше стандарден во екипата на Томас Тухел, наводно сака да се обиде во нова средина.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Рабиот на управата на ПСЖ јасно им дал знаење дека сака нови предизвици, односно дека чувствува заситеност, а тоа во зимскиот трансфер период ќе се обидат да го искористат Јувентус, Манчестер Сити и Тотенхем кој ја прават листата на заинтересирани тимови.
Со оглед на тоа што договорот на Рабиот ќе истече на крајот од оваа сезона, зимскиот трансфер период е последна шанса Парижаните да заработаат пари од него. Во досегашниот дел од кариерата Рабиот покрај ПСЖ играше само за Тулуз.