Полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек играше фантасичен фудбал по доаѓањето во Џенова во 2018 година.
Тимот од Луиџи Ферари го доведе од Краковија за само четири милиони евра, а тој експлодираше со постигнати 19 голови на 21 натпревар. Таквата форма му донесе трансфер во Милан вреден 30 милиони евра, но на „Сан Сиро“ Пјонтек не успеа да ги повтори настапите од Џенова.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу „росонерите“ Пјонтек се задржа само една година. Направи трансфер во Германија каде што исто така не се пронајде и не играше на високо ниво.
Сега таквите лоши настапи можат да го вратат во Џенова. Според информациите на италијанските медиуми договорено е негово враќање. Џенова се бори за опстанок и сигурно дека Пјонтек може да добро да дојде на тимот на Андреј Шевченко.
Пјонтек ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната, Џенова ќе има можност да го откупи за 17 милиони евра.