Миралем Пјаниќ е сигурен дека Јувентус може да ја освои Лига на шампиони оваа сезона.
Додека трофеите во Италија се редат, европски трофеј со години го заобиколува Торино, иако Старата дама редовно стигнува до самата завршница. Пјаниќ смета дека дојде време тоа да се промени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека сме еден од двата фаворити за трофејот во ЛШ, заедно со Барселона. Верувам дека оваа екипа може да дојде до крајот и да ја оствари таа цел, бидејќи имаме голема желба да го освоиме тој трофеј.“
Јувентус веќе во среда го пречекува Манчестер Јунајтед и доколку остварат победа ќе го осигураат првото место во групата.