Дома Фудбал Италија Пјаниќ до играчите на Наполи: Самите сте виновни

Пјаниќ до играчите на Наполи: Самите сте виновни

pjanic

Тимот на Јувентус и оваа сезона ќе ја освои шампионската титула во Италија.

„Старата дама“ седми пат во низа го освојува Скудетото. Оваа сезона Наполи беше главен конкурент на Јувентус. Клубот од „Сан Паоло“ беше навистина блиску, но на крајот сепак остана без титула.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сега нешто слично како кога Инсиње го „пецна“ Јувентус по победата на Наполи во Торино со изјавата „Јувентус е навикнат да губи финалиња“, возврати играчот за врска на шампионот на Италија, Миралем Пјаниќ.

„Дали еден натпревар ја одлучува сезоната? Доколку го победеа Милан претходно би биле први и се би зависело од нив. Самите се виновни“, изјави Пјаниќ и додаде:

„Најважно што ние стигнавме до титулата и истата ја заслуживме со прикажаната игра на теренот“, заврши Босанецот.

Пјаниќ во недела ќе игра против својот поранешен клуб Рома од каде што пред две години пристигна во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нервозниот Белингам го истури бесот врз ВАР-екранот (Видео)

Реал Мадрид на изненадување на многумина го загуби натпреварот во претходното коло на Ла Л…