Претседателот на Русија, Владимир Путин, одржа свој говор пред почетокот на ждребот за Светското првенство.
„Стигнавме до завршната фаза, 32 најдобри репрезентации денес ќе ги дознаат своите противници. Со големо нетрпение го очекуваме овој шампионт и се радуваме што најдобрите светски фудбалери ќе бидат наши гости. Се надеваме дека ова Светско првенство пред се ќе промовира добар фудбал“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зад нас е напорна работа, многу направивме во текот на припремите. Дадовме се од себе за во сите региони се да биде спремно за Светското првенство. Очекуваме Русија да ја оправда улогата на добар домаќин. Им испраќаме на сите порака за пријателство, сигурни сме дека не очекува спектакуларен турнир“, изјави Путин.
Веднаш по Путин, зборуваше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Му благодарам на народот во Русија кој во претходните години многу напорно работеше и поради нив сме чекор поблиску до шампионатот. Исто така им благодарам на 11 градови кои се домаќини“, изјави Инфантино, по што им го отстапи местото на фудбалските легенди кои помогнаа во извлекувањето на групите.