Фудбалерите ширум светот се познати по тоа што на големо ги користат популарните друштвени мрежи.
Младите генерација одат во чекор со новите трендови, па во овој момент невозможно е да не користат барем една од друштвените мрежи. На овој тренд не можеше да одолее ниту младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тимоти Фоса-Менсах кој во овој момент игра на позајмица во Кристал Палас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фоса-Менсах дури отиде и чекор подалеку па направил и лажен профил на Твитер. Преку тој профил тој често се фалел самиот себе си, а кога побарал некој да направи добра компилација од неговите потези станал премногу сомнителен.
Набрзо потоа беше откриено дека се работи за негов лажен профил, па стана предмет на исмевање во Англија.