Според пишувањето на францускиот „Паризиен“, ПСЖ е заинтересирана за доведување на бекот на Јувентус, Матиа Де Шиљо.
Парижаните имаат големи проблеми да состават одбрана поради бројните повреди, па Тухел сериозно размислува за доведе засилувања во зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германецот даде зелено светло за Де Шиљо, Италијанецот кој пред две години пристигна од Милано не успеа да се вклопи во составот на Сари и постои можност да се пресели во Париз.
Јувентус за неговиот потпис своевремено плати 12 милиони евра, но сегашната вредност на Италијанецот е околу 20 милиони евра, сума која „светците“ нема да имаат проблем да ја платат.