Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
„Светците“ планираат да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.
Новиот тренер на ПСЖ, Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а „светците“ спремиле понуда од 50 милиони евра.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.