ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата околу Маркус Рашфорд и сака да го доведе во Париз, пренесуваат медиумите на Островот.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци води преговори за продолжување на соработката, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година, па тој на лето ќе влезе во последната година од договорот, па поради тоа неговата иднина е неизвесна.
ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па спреми богата понуда за Рашфорд.
Имено, „светците“ се спремни да му понудат плата од 22 милиони евра по сезона на Англичанецот, понуда која тешко може да се одбие.
Манчестер Јунајтед сигурно нема да може да ја израмни оваа понуда, но ќе направи се за да го задржи својот најдобар фудбалер.
🚨 PSG submitted a contract proposal to Marcus Rashford last summer with a weekly salary of €455,000, which works out at €22m/year! 💰
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 28, 2023
(Source: @TheAthletic) pic.twitter.com/4E8AxhqvKO