Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Фред е изненадувачкото име на списокот на Пари Сент Жермен, пренесуваат медиумите на Островот.
Клубот од Олд Трафорд неодамна ја активира клаузулата за продолжување на договорот на Бразилецот за дополнителни 12 месеци, односно до јуни 2024 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа Манчестер Јунајтед нема да се согласи да го пушти Фред за помалку од 30 милиони фунти. Сума која ПСЖ е спремен да ја плати.
Фред пристигна на Олд Трафорд во 2018 година од Шахтјор, но со пристигнувањето на Каземиро го загуби местото во стартиот тим, па поради тоа Јунајтед е спремен да го пушти.