Пари Сен Жермен разгледува можност да дозволи на својот капитен, Маркињос, да го напушти тимот ова лето.
Оваа информација која пристигнува од Франција можеби е малку и изненандувачка ако се знае дека Маркињос се уште е еден од поважните играчи во тимот. Маркињос во ПСЖ е од 2013 година и во изминатите години прерасна во вистински лидер на одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веројатно потребата за освежување на одбраната ги доведе луѓето во клубот до размислување за ваков чекор, особено откако за време на повредите на Маркињос во последно време Лукас Ернандез и Лукас Бералд се покажаа во солидно светло.
Желбата е да се ангажира талентираниот Лени Јоро од Лил, за кого би требало да платат сума од околу 40 милиони евра, меѓутоа конкуренција за неговиот потпис ќе имаат и од Реал Мадрид.
Маркињос во моментов има договор со Пари Сен Жермен кој важи до 2028 година.