Дома Трансфер зона ПСЖ сака да го врати „своето дете“ од Јувентус и тоа бесплатно

ПСЖ сака да го врати „своето дете“ од Јувентус и тоа бесплатно

Пари Сен Жермен сака да го врати Адирен Рабио на кого наредното лето му истекува договорот со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Играчот за врска ја помина младинската школа на ПСЖ и влезе во првиот тим во 2013 година и во наредните шест сезони го носеше дресот на „светците“. Следуваше трансфер во Јувентус, но 27-годишникот не се прослави во Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во неодамна завршниот преоден рок Рабио беше желба на Манчестер Јунајтед, меѓутоа играчот не се договори со „црвените ѓаволи“. Сега полека влегува во последните шест месеци од договорот со „бјанконерите“ и ќе биде слободен во изборот на новата средина.

Јувентус не беше спремен да му понуди нов договор поради неговите високи барања. Платата на Рабио изнесува 7.5 милиони евра годишно и таа сума „бјанконерите“ повеќе не сакаа да ја плаќаат затоа што Французинот не ги исполни очекувањата. Токму затоа негово враќање во ПСЖ во овој момент изгледа сосема реално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…