Дома Топ вести ПСЖ сакал да се ослободи од Нејмар и го нудел на англиските клубови

ПСЖ сакал да се ослободи од Нејмар и го нудел на англиските клубови

По завршувањето на преодниот рок, француските медиуми пренесоа навистина неверојатна вест, а во главна улога е Нејмар.

Медиумите тврдат дека раководството на ПСЖ се обидело да го избрка Нејмар и да го продаде во Манчестер сити, но англискиот шампион не сакал да испрати понуда за бразилскиот репрезентативец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар по пет одиграни меча во Лига 1 веќе запиша седум голови и шест асистенции, но прави проблеми во соблекувалната и нема најдобри односи со Килијан Мбапе.

Наводно, најголемиот проблем лежи во тоа што Нејмар веќе не е толку добар пријател со Мбапе, а тоа му штети на тимскиот дух, но и на атмосферата во соблекувалната.

Дури и во последните денови од преодниот рок ПСЖ го понудил Бразилецот на Челзи, но „сините“ ја одбиле можноста за негов трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…