Се уште не може да се каже каде ќе игра Нејмар наредната сезона, но јасно е дека негова желба е трансфер во Барселона.
Нејмар сака да се врати во Барселона и Каталонците сакаат повторо да соработуваат со Бразилецот, но во изминатите неколку недели во Париз не беа спремни да го пуштат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сагата околу потенцијалниот трансфер на Нејмар продолжува, а сега медиумите во Шпанија дојдоа до информација според која ПСЖ од Барса побарал 50 милиони евра и уште двајца играчи за Нејмар.
Како што се наведува ПСЖ сака во Барселона да ги испрати Фелипе Кутињо и Нелсон Семедо и дополнителни 50 милиони евра.
Останува да се види дали Барселона е спремна да се откаже од услугитен а споменатите играч и и да ја доплати споменатата сума.
Со оглед на тоа какви планови има Валверде со овие двајца за новата сезона, не изгледа невозможно ако навистина има ваква понуда од Париз Барселона да ја прифати.