Челниците на ПСЖ одлучија да продадат дури пет фудбалери во јануарскиот преоден рок со цел да ги испочитуваат нормите од Финансискиот фер-плеј.
Богатиот француски клуб потроши 400 милиони евра на доведување двајца фудбалери во летниот преоден рок, а не продаде готово ништо, па тоа ги налути европските гиганти кои се жалаат кај УЕФА.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Меѓутоа, шпанските и француските медиуми тврдат дека ПСЖ планира голема распордажба во зимскиот преоден рок и дека 5 ѕвезди ќе го напуштат „Паркот на принцовите“.
Станува збор за Јулијан Дрекслер, Анхел ди Марија, Кевин Трап, Лукас Моура и Хавиер Пасторе, а неколку европски гиганти меѓу кои Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе се борат за нивните потписи.