Пари Сент Жермен ризикува да игра без публика против Манчестер Јунајтед во осминафиналето од ЛШ, поради нередите кои ги направија фановите после мечот со Црвена Звезда.
„Екип“ пренесува дека во петок Дисциплинската комисија на УЕФА може да ги казни парижаните да играат пред празни трубини против Манчестер Јунајтед. Причината за тоа се инцидентите на фановите со полицијата после мечот со Црвена Звезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА може да одлучи да ја затвори само трибината со навивачите и на тој начин да му дозволи на останатите фанови да го гледаат мечот од трибините.
Натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед кој ќе се игра во Париз на програмата е на 6-ти март.