Дома Трансфер зона ПСЖ „краде“ уште една желба на Реал Мадрид

ПСЖ „краде“ уште една желба на Реал Мадрид

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.

Кефрен оваа сезона одигра фантастично во дресот на Ница и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во француското првенство.

Новиот тренер на ПСЖ, Галтие го посочил францускиот талент како примарна трансфер цел за засилување на средниот ред.

Од друга страна Реал веќе подолго време го следи Турам и сака да го купи и да го остави уште една сезона на позајмица во Ница.

„Екип“ пренесува дека ПСЖ веќе испратил богата понуда и е спремен да ја добие битката за францускиот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…