Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да го продаде играчот за врска, Жоржињо до крајот на преодниот рок.
Арсенал е првиот клуб кој испратил понуда за италијанскиот репрезентативец, но веднаш интерес покажа и ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот тврдат дека Челзи не сака да го даде играчот на градскиот ривал, па поради тоа започнале преговори со францускиот шампион.
„Светците“ бараат засилување на средниот ред и веруваат дека Жоржињо идеално би се вклопил како партнер на Верати.
ПСЖ му понудил на Челзи едногодишна позајмица со право на откуп, а „сините“ сакаат во договорот да стои задолжителен откуп следното лето.