Според пишувањето на француските медиуми ПСЖ го направил првиот чекор за доведување на Виктор Осимен, 24-годишниот Нигериец од редовите на Наполи.
Во овој момент Осимен сигурно е еден од најбараните фудбалери во Европа. Со години игра одлично во Наполи каде што пристигна од Лил 2020 година, но во текот на актуелната сезона го потврди својот квалитет.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вкупно сезонава постигна 26 голови на 32 натпревари, а со 21 гол е убедливо најдобар стрелец во Серија А.
Според информациите претставниците на ПСЖ договориле најголем дел од условите на фудбалерот со неговиот менаџер и наскоро можат да започнат преговорите околу трансфер. Вредноста на Осимен на „Трансфермаркт“ се проценува на 100 милиони евра.
Осимен има договор со Наполи до jуни 2025 година, а пред клубот од југот на Италија играше за Волфсбург, Шарлеои и Лил.