Дома Топ вести ПСЖ го продава Нејмар за „ситна“ сума

ПСЖ го продава Нејмар за „ситна“ сума

Веќе е познато дека Челзи започнал преговори со ПСЖ за евентуален трасфер на Нејмар.

Во ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесувал немир во соблекувалната. 

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


ПСЖ уште минатото лето се обиде да се ослободи од скапиот Бразилец, но ниту еден клуб не беше спремен да ја плати големата отштета.

Ал-Келаифи разговарал со претседателот на Челзи, Тод Боели, а наводно било договорено Нејмар да се пресели во лондонскиот клуб за „само“ 60 милиони евра.

Бразилскиот фудбалер пристигна во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…