Во текот на вчерашниот ден ПСЖ ги претстави Милан Скриниар и Марко Асенсио, а денес во Париз се промовираше ново засилување.
Станува збор за Угарте кој пристигнува од Спортинг Лисабон. Скриниар и Асенсио пристигнаа како слободни фудбалери, но за услугите на Угарте, ПСЖ на португалскиот гигант му исплати сума од 60 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Угарте има 22 години и игра како дефанзивец играч за врска. Договорот кој го потпиша е со важност до 30-ти јуни 2028 година.
🔴 #WelcomeUgarte 🔵 pic.twitter.com/qPRVM1s2sK
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 7, 2023