Паул Погба се наоѓа на радарот на француски ПСЖ. Парижаните спремаат големи промени во тимот во текот на летото, а Погба е на врвот на листата на желби.
Дека Французинот бара други клубови слушнал и Жозе Мурињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ако е вистина дека неговиот агент преговара со други клубови, тогаш цената после двата гола против Сити е многу поголема.“- истакна Мурињо.
Наводно, менаџерот на Погба, Мино Раиола веќе почнал преговори со ПСЖ. Сепак за тоа мора да се праша и Мурињо, а бидејќи францускиот тим е заинтересиран и за Мартиал, Специјалниот одлучи да им помогне.
Тој за услугите на Погба и Мартиал го бара најскапиот фудбалер на светот Нејмар, а спремен е да додаде уште 50 милиони фунти за трансферот да се реализира.
Сепак, оваа понуда делува прилично нереално, но од Мурињо може се да се очекува и сигурно одговорот на Специјалниот, раководството на ПСЖ ги оставил без текст.