Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент, а трката за неговиот потпис веќе започна.
Раководството на ПСЖ од поодамна започна преговори со агентот на Погба и сака да го донесе на лето како слободен агент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и се спремни на Погба да му понудат плата што другите заинтересирани клубови не можат да си дозволат.
„Светците“ ги интезивирале преговорите со Енцо Раиола, кој сега се грижи за иднината на Французинот и сакаат што поскоро да постигнат комплетен договор.
Јувентус исто така не се откажува и се обидува да го убеди Погба да се врати во Торино, иако „старата дама“ не може да парира со понудата на ПСЖ.