Лионел Меси дефинитивно ќе го напушти Пари Сент Жермен на крајот на сезоната, пренесува „Паризиен“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на францускиот шампион веќе ја знае неговата одлука и ја планира иднината без Лео Меси.
Преговорите за продолжување на договорот пропаднале поради фактот бидејќи Меси побарал превисока плата.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а „Паризиен“ тврди дека повеќе не постојат шанси тој да остане во Париз и следната сезона.
Во последно време се погласни се шпекулациите за негово враќање во Барселона, но Меси има богата понуда и од Саудиска Арабија.