Дома Трансфер зона Пропаднаа преговорите помеѓу Леао и Милан за нов договор!

Пропаднаа преговорите помеѓу Леао и Милан за нов договор!

Пропаднаа преговорите меѓу португалскиот напаѓач Рафаел Леа и Милан околу продолжувањето на договорот, пишува „Газета дело Спорт“.

Изгледаше дека само формалности ги делат од потпишување на нова соработка која ќе го задржи Рафаел Леао во градот на модата уште четири години, но подоцна се појавил проблем. Ова значи дека Леао влегува во последната година од договорот без најави за продолжување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во претходниот период Леао и неговите претставници разговараа со Паоло Малдини за условите за продолжување на соработката.

Платата и должината на договорот не беа спорни. Леао сака да остане во Милан, го сака клубот и се уште нема проблем со тоа што „Росонерите“ не се конкурентни на европската сцена.

Проблемот настанл кога Леао побарал неговата откупна клазула да изнесува 70 или 80 милиони евра, додека Милан сакаше да постави цена од 150 милиони евра.

Оваа точка била важна на Леао и неговите претставници, па не сакале да попуштат додека во Милан биле свесни дека сума од 70-80 милиони евра за играч како Леао во денешни услови е премногу ниска.

Ваквата информација сигурно ќе биде аларм за заинтересираните преговори да започнат преговори со напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…