Дома Фудбал Останато ПРОМЕНА НА ПЛАНОТ: Полското „чудо од дете“ останува во Серија А!?

ПРОМЕНА НА ПЛАНОТ: Полското „чудо од дете“ останува во Серија А!?

Напаѓачот на Џенова и репрезентативецот на Полска, Кристоф Пјатек е играч за кого големите гиганти ќе се „тепаат“ следниот трансфер период.

Човекот кој постигна неверојатни девет гола во само осум одиграни кола во Серија А ја продолжи голгетерската форма и во националниот дрес, вчера беше стрелец во поразот на својата репрезентација од сегашниот шампион на Европа, Португалија (2:3) во натпреварот од Лигата на нациите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Веќе е познато дека Челзи, Баерселона и Баерн Минхен се заинтересирани за него, но според најновите информации од Апенините, 23-годишниот напаѓач е блиску до останување на „Чизмата“, поради интересот на Наполи и Јувентус. Претседателот на Џенова не сака да ја продаде својата прва ѕвзда во јануарскиот трансфер период, но понуда од 40 милиони евра би можела да го пушти „новиот Левандовски“ во поголем клуб.

Со тоа Пјатек би можел да направи десет пати поголем профит, бидејќи дојде само за четири милиони на почетокот на сезоната. Сега е само прашањето дали во зимскиот или летниот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан пронајде нов чувар на мрежата кој потсетува на клупската легенда!

Иднината на Мајк Мањан во Милан и натаму е неизвесна, а сѐ почесто се спомнуваат можни нас…