Дома Фудбал Репрезентации Промаши пенал, но одигра маестрален натпревар: Враќањето на Бензема во репрезентацијата е полн погодок!

Промаши пенал, но одигра маестрален натпревар: Враќањето на Бензема во репрезентацијата е полн погодок!

Репрезентацијата на Франција во првиот контролен натпревар пред Европското првенство го победи Велс со 3:0.

Французите во средата во Ница успеаа да дојда до победа против Велс. „Триколорите“ многумина ги сметаат за први фаворити за освојување на титулата. Натпреварот против Велс привлекуваше внимание затоа што на теренот беше Карим Бензема кој се врати во репрезентацијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бензема промаши пенал во 27. Минута, но и покрај тоа одигра одличен натпревар. Искусниот напаѓач беше константна закана пред голот на Велс и покажа дека е мотивиран да докаже дека заслужува место во репрезентацијата после шест години изоставување поради скандалот со Валбуена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта го изгуби трпението поради ѕвезда на Барселона: Ова е срамота!

Меѓународната пауза повторно се покажа како фатална за Барселона откако Рафиња претрпе пов…