Дома Фудбал Англија Проклетството на титулата – Дали ќе го почуствува и Конте?!

Проклетството на титулата – Дали ќе го почуствува и Конте?!

konte

Пред една година се беше поинако, но проклетството не мирува и дали картата во еден правец ќе му ја додели токму оној кого го понижи минатата есен?

Антонио Конте секако дека чуствува притисок пред натпреварот со Јунајтед. Иако наводно има позиција во која ако доколку добие отказ тоа би му дошло како олеснување, тој после неколку промени на тренерските позиции во Премиер лигата е следниот на кој се типува дека би можел да биде отпуштен.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Коефициентот кој му го даваат англиските обложувалници не е мал, изнесува 10, но навиките на Роман Абрамович се добро познати. Тој за 14 години колку што е на чело на Челзи промени 12 тренери, а оваа деценија е посебно опасна, клупата на Челзи е вистинска елктрична столица, го почуствуваа тоа Анчелоти, Мурињо, Виљаш Боаш и Ди Матео кој откако ја освои Лигата на шампионите заработи отказ после само неколку месеци.

Сега, постои уште една работа која насочува кон тоа да размислуваме дека Конте наскоро го чека отказ.

Се работи за „проклетство“ кое е започна оваа деценија. Во Премиер лигата четири тренери кои ја освоиле титулата наредната сезона биле променети, еден од нив се повлече, секако тоа е Сер Алекс Фергусон.

Да ја погледнеме низата, Анчелоти стигна до двојна круна, а следната сезона остана без трофеј и заработи отказ.

anceloti

Манчини ја освои титулата во 2012 година, па наредната сезона беше променет.

mancini

Мурињо се врати во Челзи стигна до титулата и замина наредната сезона.

На крајот Клаудио Раниери кој минатата сезона беше отпушен откако со Лестер претходно стигна до сензационалната титула.

Постои она проклетство на титулата, освен Фергусон кој се повлече, уште Пелегрини издржа нешто подолго, но генерално, четири од последните шест тренери со освоена титулата добиле отказ во рок од 12 месеци или помалку.

Минатата сезона се беше поинаку кога Јунајтед пристигнуваше на „Стенфорд Бриџ“, примија четири погодоци, еуфоријата беше неверојатна, Конто ја „запали“ публиката, а Мурињо имаше што да му замери.

Сега Челзи има проблем, Јунајтед е во многу подобра позиција иако второто место нема да ги задоволи апетите на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, …