Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт во Македонија), реализира проект за училишен фудбал низ повеќе основни училишта низ Македонија.
Во проектот „Фудбал во Училишта” може да учествуваат сите дечиња од вклучените училишта кои имаат желба да тренираат фудбал, но немаат соодветни услови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Проектот за училишен фудбал предвидува активно вклучување на 76 основни училишта од цела Македонија, со учество на близу 5000 деца од второ до петто одделение, меѓу нив најмалку 1000 се девојчиња.
Целта на овој училишен проект на Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФСУМ е директна вклученост и ангажман на најмладите, нивен личен развој, како и почитување на основните вредности во животот. Една од важните работи потенцирани од Проектот за училишен фудбал е и развој на женскиот младински фудбал, а секако и да се привлечат вклучените дечиња да продолжат да тренираат фудбал на редовна основа во фудбалски клубови.
По тој повод, во хотел Романтик – Велес, се одржа семинар на тема: Фудбал во училиште за девојчиња. Носител и организатор на Проектот е Фудбалска федерација на Македонија во соработка со Федерација на училишен спорт на Македонија. Во проектот вклучени се 24 основни училишта, вкупно 450 девојчиња од 4/5 одделение и тренери од женските фудбалски клубови во државата. На семинарот присуствуваа наставниците по ФЗО и тренерите од клубовите. Воведно обраќање имаше Г-дин Лазар Ракиџиев, Потпредседател на ФФМ и Проф. д-р Александар Туфекчиевски, Претседател на ФУСМ. Предавачи на семинарот беа Бојан Марковски претставник од ФФМ и Проф. Зоран Наков од ФУСМ, одговорни лица за реализација на проектот. На сите училишта вклучени во проектот беа доделени вкупно 150 фудбалски топки од ФФМ.
Покрај овој проект наменет за девојчиња, на 4. март во просториите на ФФМ се одржа работилницата во чии рамки беше промовирана програмата на активности за развој на училишниот фудбал во триесетина градови во државава.
Во прилог галерија со фотографии од неколку училишта низ земјата кој ги одржаа првите спортски активности.
ООУ “Круме Кепески” – Скопје, под менторство на наставничката по ФЗО Моника Јаневиќ.
ООУ”Марко Цепенков” – Скопје, под менторство на наставниците по ФЗО Љупчо Рафевски и Александар Мирчевски.
ООУ„Живко Брајковски” – Бутел, наставник по ФЗО Муамер Абдула.