Дома Актуелно Продолжува очајот на Црвените: И Челси славеше на Енфилд

Продолжува очајот на Црвените: И Челси славеше на Енфилд

Фудбалерите на Челси синоќа во гости го победија Ливерпул со 1:0 во дерби натпреварот на 29. коло во англиската Премиер лига.

Првата шанса на натпреварот ја имаа играчите на лондонскиот клуб кога Вернер се обиде, но топката замина преку голот на Алисон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси повторно се закани во 16. минута кога во уште една шанса беше Вернер, но Алисон успеа да го одбрани неговиот удар.

Гостите во 24. минута дојдоа до 1:0 кога Вернер го совлада Алисон, но ВАР на крајот го поништи овој погодок поради минимален офсајд.

Меѓутоа, Челси успеа да поведе со 1:0 во самиот финиш на првиот дел. Канте испрати одлична топка до Маунт кој постигнува прекрасен погодок за 1:0 и големо славје на Сините.

Ливерпул во продолжение заигра подобро. Домашниот тим во 49. минута бараше пенал кога топката во рака го погоди Канте, но судијата само одмавна со раката.

Челси повторно се закани во 54. минута преку Зијех, а топката од самата гол линија ја извади Робертсон. Сините одлична шанса имаа и во 77. минута кога Вернер излезе сам пред Алисон, но Бразилецот беше сигурен.

Ливерпул го имаше поседот до крајот на натпреварот, но не успеа да се закани по голот на Менди и со тоа ги продолжија очајните резултати на Енфилд во 2021. година.

Челси сега е на четвртата позиција со 47 бода, додека Ливерпул е седми и има четири бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Tренерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека го радува фактот што Арне Слот би…