Дома Фудбал Репрезентации Продолжува кошмарот за Меси и Аргентина! (ВИДЕО)

Продолжува кошмарот за Меси и Аргентина! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од групата Б на овогодинешното издание на Копа Америка кое се одржува во Бразил Колумбија ја победи Аргентина со 2:0.

Кај Аргентина работите изгледа многу не се промениле од Светското првенство минатата година, па така продолжи кошмарот за Меси и „Гаучосите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Аргентинците вечерва и не беа толку лоши, но сепак на крајот беа поразени. Имаа повеќе удари кон противничкиот гол меѓутоа Мартинез во 71-та минута ја погодува мрежата за предност на Колумбијците.

Од тој момент Колумбија завладеа на теренот и Аргентина немаше никакви шанси. Дуван Запата кој имаше одлична сезона во Аталанта во игра влезе во 81-та минута, а после само пет минути ги постави конечните 0:2.

За Колумбија ова беше прва победа над Аргентина после 12 години и нема сомневање дека сега критиките на сметка на Меси и репрезентацијата и тоа како ќе се зголемат.

Следниот натпревар во кој Аргентинците сигурно ќе имаат голем притисок ќе го играат против Паргвај, додека Колмбија ја чека натпревар со гостинот на Копа Америка, Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…