
Како да нема крај на проблемите за селекторот Благоја Милевски. Откако денес претходно дополнително на местата на Александар Трајковски и Милан Ристовски беа повикан Дориан Бабунски и Мартин Мирчевски пристигнаа нови лоши вести.




Во германската трета лига во настапот за Инглоштад се повреди и дефанзивецот, Висар Муслиу. Натпреварот на гостински терен против Дуизбург Муслиу го напушти после само 20 минути игра. Засега нема информации за каква повреда станува збор.




Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Сепак, дуелот со Финска го играме за пет дена, а собирот на репрезентацијата е в понеделник, па така извесно е дека нема да го имаме и Муслиу на располагање.




Ако се знае дека поради повреди воопшто на списокот ги немаше Адеми, Чурлинов, Костадинов и Дени Илиев тогаш јасно е дека Милевски се соочува со големи проблеми во составувањето на тимот.
Двата натпревари, со Финска и три дена подоцна со Азербејџан се важни затоа што се последна проверка пред стартот на квалификациите за Европското првенство во март.
Фото: ФФМ