Италијанците вчера соопштија дека карантинот во целата држава ќе го продолжат до 3. мај што значи дека Серија А нема да продолжи како што се планираше во прв момент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Постоеа најави дека клубовите на Апенините ќе започнат со тренинзи кон крајот на овој месец и дека лигата ќе продолжи во средината на мај, сега е јасно дека нема ништо од тоа затоа што карантинот во целата земја е продолжен.
Италијанските медиуми веќе пишуваат кога би можел да продолжи спортот во оваа земја, а во центарот на вниманието е Серија А. Ла „Република“ пишува дека клубовите ќе започнат да тренираат кога карантинот ќе заврши, односно од 4. мај.
Планирано е екипите најмалку две недели да тренираат за да ја вратат формата пред продолжување од сезоната. Според тоа новиот датум кога најрано може да очекуваме продолжување е 31. мај.
Ако започне тогаш сезоната би завршила најдоцна до 3. август. Исто така ова сигурно ќе влијае и на распоредот за наредната сезона која би требало да започне во септември.