Дома Фудбал Англија Продажбата на Њукасл може да предизвика сериозни потреси во Премиер лигата

Продажбата на Њукасл може да предизвика сериозни потреси во Премиер лигата

Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ), на чие чело се наоѓа принцот Мухамед бин Салман, од пред два дена е сопственик на Њукасл Јунајтед. Премиер лигата ја одобри продажбата, откако добиле гаранции дека „Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира Њукасл јунајтед“.

Токму поради ова, пред повеќе од шест месеци, Премиер лигата не му даде дозвола на Мајк Ешли да му го продаде клубот на ПИФ.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Повеќето англиски клубови цврсто се противат против продажбата на Њукасл на Саудискиот инвестициски фонд, па се спремни дури да покренат промена на раководството на Премиер лигата.

Откако клубовите сватија дека немаат никаков механизам да ја спречат продажбата, тие својот гнев го насочија кон раководните луѓе на Премиер лигата.

„Сан“ пренесува дека најголемото незадоволство доаѓа од клубовите од средината на табелата како Астон Вила, Брајтон, Кристал Палас и Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Германски судија тврди: Србија со право е разочарана – требаше да добие пенал!

Селекцијата на Србија приреди ново разочарување на навивачите со елиминацијата уште во гру…