Дома Фудбал Италија Проблем за Јувентус, на лето се враќаат четворица за кои нема место во тимот

Проблем за Јувентус, на лето се враќаат четворица за кои нема место во тимот

Бразилскиот крилен фудбалер, Даглас Коста на лето ќе се врати во Јувентус, откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи неговиот договор, пренесува „Тутоспорт“.

Весникот исто така пренесува дека за Даглас Коста нема повеќе место во Јувентус и „бјанконерите“ ќе се обидат да се ослободат од него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Даглас Коста има договор до 2022 година, па Јувентус очекува понуди за неговииот потпис, а интерес покажуваат Рома и Милан.

Идентична е ситуацијата со Марко Пјаца, Перин и Даниеле Ругани, кои на лето ќе се вратат во Јувентус, а за нив повеќе нема место во тимот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Ако и Рома и Евертон се квалификуваат за Лига Европа, што не е невозможно сценарио, овие д…