Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов е неизвесен за стартот на Бундеслигата.
Штутгарт во првото коло игра против Лајпциг во недела од 15:30 часот. Tренерот Пелегринo Матарацо денес за медиумите ја коментираше ситуацијата околу играчкиот кадар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Чурлинов тој соопшти дека се жали на повреда на грбот и поради тоа неговиот настап во овој дуел е неизвесен и до последен момент нема да се знае дали ќе може да помогне.
Чурлинов одигра добра предсезона, а постигна гол и во германскиот куп против Динамо Дрезден, тој гол се покажа како одлучувачки бидејќи Штутгарт го доби натпреварот со 1:0.