Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Проблем за Хравтска: Заврши Европското првенство за напаѓачот!

Проблем за Хравтска: Заврши Европското првенство за напаѓачот!

ХРВАТСКИОТ репрезентативец Никола Власиќ (26) поради повреда на мускулот ќе го напушти репрезентативниот камп и ќе го пропушти остатокот од Европското првенство во Германија, соопшти Хрватскиот фудбалски сојуз.

„Власиќ заработи повреда за време на тренингот и денеска беше подложен на магнетна резонанца кај докторот д-р Саша Јанковиќ, при што беше констатирана мала руптура на мускулот.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Селекторот Златко Далиќ во договор со Власиќ и лекарската служба донесе одлука Никола да си замине од таборот на репрезентацијата бидејќи повредата не му дозволува да конкурира за натпревари за време на ЕП“, се вели во официјалното соопштение на ХНС.

Ќе потсетиме, Хрватска во првиот натпревар на Европското првенство беше поразена со 3:0 од Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челзи купува напаѓач од 115 милиони

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…