Дома Фудбал Италија Проблем за Интер: Цел тим мора да оди во изолација

Проблем за Интер: Цел тим мора да оди во изолација

Интер на официјалната страна објави дека коронавирусот влегол во клубот.

Пет членови од управата на Интер биле позитивни на Ковид-19, а некои од нив биле во контакт и со фудбалерите, затоа целиот тим мора да оди во изолација.

Серија А веќе испрати барање миланскиот тим да оди во изолација во наредните неколку денови што секако е лоша вест. Ова значи дека „нероаѕурите“ дуелот со Џенова ќе го дочекаат во изолација без тренинзи што може да биде проблем.

Интер е лидер во Серија А и има во добра прилика да остане на врвот, така овој случај со корона дојде во незгоден момент.

Ќе потсетиме, вчера беше објавено дека короната прави проблеми и во Торино – за таа ситуација повеќе тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер доминира, Фабрегас провоцира, Кардинале инспириран од Трамп

Интер се истакна со брз старт, додека Фабрегас ја критикува Италија за одлуките околу повр…