Капитенот на белгиската репрезентација, Винсент Компани се здоби со повреда на препоните на синоќешниот натпревар против Португалија.
Компани мораше да го напушти теренот после само 10 минути во второто полувреме поради болка во препоните.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Инаку тој во изминатите години имаше многу проблеми со повредите и пропушти многу натпревари за белгиската репрезентација, а сега е неизвесен и за Мундијалот.
„Чуствуваше болка во препоните и сега останува да видиме што ќе кажат деталните испитувања“, изјави селекторот Мартинез кој беше загрижен за капитенот.
Дефанзивецот денес ќе има детални прегледи, по што ќе се знае дали ќе биде спремен да игра на Светското првенство.