Дома Фудбал Проблем за Анчелоти: Французинот во „аут“ два месеци

Проблем за Анчелоти: Французинот во „аут“ два месеци

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферланд Менди заработи повреда поради која ќе мора да паузира два месеци.

Веста на својот официјален сајт ја потврдија и „кралевите“, а Менди така ќе го пропушти клучниот дел од сезоната. Реал Мадрид во наредните два месеци ќе одигра дури 15 натпревари во четири натпреварувања – клупско СП, Ла Лига, Лига на шампиони и шпански куп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Французинот е единствен лев бек, Давид Алаба Анчелоти го користи како стопер, меѓутоа сега извесно е дека Австриецот ќе мора да оди крај аут линијата.

Рудигер и Милитао ќе бидат во срцето на одбраната како стопер, а Начо останува во ротација кој може да игра како лев и десен бек.

Добра вест за Анчелоти е што од повреда се опоравија Дани Карвхал и Орлиен Чуамени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул бил третата опција на Вирц – ова нема да им се допадне на навивачите

Третата не е секогаш среќна, барем засега. Флоријан Вирц се уште не успеал да се снајде во…