Oна за што „срамежливо“ се пишуваше и во текот на сезоната сега е погласно. Садио Мане изгледа е незадоволен во Ливерпул.
Англичаните тврдат дека Мане сака да го напушти Ливерпул. Меѓутоа прашање е кој ќе плати за него 120 милиони евра колку што наводно бара Ливерпул.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сега можеби се појави шанса за некој договор со Барселона за Меси, но тоа сега не изгледа реално и не може многу да се каже. Останува да видиме дали нешто посериозно може да се случи.
Да се вратиме само кај Мане и Ливерпул. Поради што е нездоволен? Имено, Мане сметал дека во Ливерпул фаворизиран е Салах. Тој е почитуван играч, освои се со Ливерпул, постигна 18 голови на патот до титулата, но не добива доволно публицитет, а и работи за други во системот на Клоп.
Африканецот според информациите смета дека заслужува главна улога и додека во Ливерпул индивидуалните признанија веројатно ќе му изостануваат.
Се пишува дури и дека неговиот однос со Клоп не е баш најдобар поради форсирањето на Салах, наградите секогаш ги добиваат Египќанецот или Хендерсон.
Времето ќе покаже дали во ваквите натписи на медиумите на Островот има вистина.