
На Еден Азар на теренот не му оди веќе подолго време, а сега може да си создаде и проблеми во приватниот живот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ужива во друштво на непозната девојка.




Шпанците пишуваат дека Азар е во центарот на голем скандал после објавеното видео од една дискотека кое наводно е направено во текот на репрезентативната пауза.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
На Твитер е објавено видео на кое се гледа како Азар се забавува со непозната девојка, шпанските медиуми на големо пренесуваат и дека ја изневерил својата сопруга.




Азар во дискотеката останал до раните утрински часови и веројатно не му се допаѓа што неговото забавување стигнало до медиумите. Откако беше објавено видео набрзо стана една од главните теми. Многумина се обидуваат и да го откријат идентитетот на девојката со Азар.




Засега, ниту Азар, а ниту неговата сопруга не се огласиле на оваа тема.



