Дома Фудбал Германија Проблеми во рајот: Левандовски остар кон соиграчите – „Поради нив останав без титула најдобар стрелец“

Проблеми во рајот: Левандовски остар кон соиграчите – „Поради нив останав без титула најдобар стрелец“

Дали на повидок е фрка во минхенскиот Баерн? Напаѓачот Роберт Левандовски остро ги критикуваше своите соиграчи дека го оставиле без титулата најдобар стрелец во Бундеслигата оваа сезона и тоа во последното коло во кое со погодоци го надмина Пјер Емрик Обамејан од Борусија Дортмуд.

Полјакот сезоната ја заврши со 30 постигнати гола, а Обамејан со еден гол повеќе. Шампионската титула ја освои Баерн, а Левандовски не ја затресе противничката мрежа во последните два лигашки натпревари оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сега тоа веќе не ме боли, но во првите моменти ме болеше. Можеби затоа што не бев целосно задоволен од начинот на кој екипата ми помогна. Бев лут одма после последниот натпревар. Бев разочаран. Едностано, така се чувствував“, изјави Левандовски за полски новинари.

Сега останува прашањето како оваа изјава ќе ја протолкуваат соиграчите, но и стручниот штаб и управата на Баерн, клубот во кој се знае што е ред и дисциплина. Левандовски е во Баерн од 2014 година и до денес има одиграно вкупно 96 првенствени натпревари и постигнато 77 гола. Во сите три сезони ја освои титулата првак на Германија, но на минхенскиот клуб му избега од раце пехарот од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Флик: Нема да останам во Барселона во наредните десет години

Германецот Ханси Флик работи одлично и бежеле добри резултати со Барселона во актуелната с…