Лионел Меси денес ја одржа прес-конференцијата со која се простуваше од Барселона, а таа беше една од најтажните во историјата на Барселона.
На прес-конференцијата Меси откри и дека прифатил 50% намалување на платата. Барселона прво го прифатила тоа, но на крајот се покажало дека не било доволно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Јас прифатив да има 50% помала плата и тоа беше прифатено, се друго е лага. Едноставно и тоа не можеше да се реализира“.
Како Барселона ќе продолжи без него?
„Барса е голем клуб. Ќе дојдат нови играчи. Фудбалерите доаѓаат и си заминуваат, клубот останува. Како што кажа Лапорта, клубот е над сите. Ќе се навикнат луѓето, ќе биде тажно, но со времето доаѓа се. Тука и понатаму има големи играчи“, зборуваше Меси.