Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја окарактеризира понудата на Арсенал за Карим Бензема како срамна.
Како што пренесуваат шпанските медиуми „топџиите“ испратиле понуда за потписот на Карим Бензема, а таа изнесувала 40 милиони фунти.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Меѓутоа, претседателот Флорентино Перез веднаш испратил негативен одговор до раководството на Арсенал и понудата ја означил како срамна.
Иако Французинот оваа сезона не блеска во дресот на Реал, сепак Перез смета дека Бензема е еден од најдобрите напаѓачи во светот и дека неговата вредност е многу поголема од 40 милиони фунти.
Бензема е член на Реал Мадрид од 2009 година, а неодамна го продолжи договорот со „кралскиот“ клуб до 2021 година.