Португалецот, Ренато Санчез, во Баерн Минхен пристигна минатото лето како големо засилување, но во овој момент тој е на излезни врати од клубот.
Според ситуацијата во овој момент се очекува Санчез за брзо време да го напушти германскиот гигант, а и самиот фудбалер призна дека не е задоволен од статусот кој го има во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден Санчез изјави дека се би требало да биде познато за неколку дена кога Баерн ќе се врати од турнеата во Кина. Покрај тоа фудбалерот додадe и дека опцијата да премине во редовите во Милан изгледа интересно.
Италијанскиот клуб не чекаше долго и веќе денес го направи првиот чекор, на адреса на Баерн пристигна официјална понуда за португалскиот фудбалер.
Според медиумите на Апенините, „росонерите“ испратиле понуда од 40 милиони евра за Санчез. Доколку Баерн ја прифати оваа понуда, веројатно се ќе биде завршено бидејќи фудбалерот веќе претходно се договори да потпише договор на четири години.