
Неодамна шпанското „Радио Каталонија“ пренесе сензационална вест дека Алваро Мората бил понуден на Барселона, а сега пристигна и порака за добредојде од таборот на каталонскиот гигант.
Имено, фудбалерот на Барселона, Жорди Алба истакна дека сите на „Ноу Камп“ би се израдувале на доаѓањето на Алваро Мората.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Многу го ценам Мората. Игра на високо ниво долго време. Доколку гласините се точни, сигурно ќе биде убаво пречекан. Сепак, за него како и за секој друг фудбалер одлучува клубот“, изјави Алба.
Во наредниот период останува да видиме дали Мората навистина би можел да направи трансфер во Каталонија.