Дома Фудбал Останато Приказната за Малком во детали: Го однесов на аеродром, да лета за Рим и тогаш…

Приказната за Малком во детали: Го однесов на аеродром, да лета за Рим и тогаш…

malcom

Ситуацијата со Бразилецот, Малком ова лето стана една од најпознатите.

Како што веќе е познато тој имаше договорен трансфер со Рома, но во последен момент го промени мислењето и се одлучи да премине во Барселона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега на оваа тема зборуваше поранешниот соиграч на Малком од Бордо, Џонатан Кафу.

„Ме повика во неговиот дом на проштален ручек и околу 16:00 часот сето тоа заврши си заминав дома. Кога дојдов сопругата ми кажа дека Малком оди во Рома и дека Бордо веќе го продал. Веднаш се вратив кај него и тој тоа ми го потврди. Се сеќавам дека се пакуваше и дека има приватен лет за Рим“.

„Беше возбуден што оди во Рим и ми кажа дека според него тоа е вистинскиот избор. Веднаш го однесов на аеродромот го чекавме неговиот агент и претставниците на клубовите. Чекавме околу еден час, а потоа дојде неговиот агент и ни кажа да се вратиме дома. Ништо не ни беше јасно, а Малкум збунето го гледаше. Тогаш само кратко му кажа дека Барселона прави се за да го доведе и во тој момент се се промени“.

„Малком се насема и ме погледна како дете кое го добива своето најомилено колаче. Ми кажа: Па тоа е Барселона, се враќаме дома! Мислев дека се шегува, но погрешив. Кога се враќавме цел пат ми зборуваше колку е возбуден што оди во Барселона, Рома не ја ни спомна. Прво што кажа е дека ќе игра со Меси. Утрото повторно отидов со него до аеродром и тој ден стана играч на Барселона. Верувајте, Барселона е сон на секој Бразилец“, открива Џонатан Кафу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …