Италијанскиот новинар Лоренцо Бетони смета дека судската одлука за привремено враќање на бодовите на Јувентус (15) е ужасна работа за Серија А.
Ќе потсетиме, на клубот од Торино по жалбата пред Федералниот суд му беа вратени одземените 15 бодови и сега „старата дама“ се врати на третата позиција со добра позиција за излез во Лигата на шампионите наредната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, таа одлука и понатаму не е конечна затоа што ќе биде одржано ново судење. Така се уште не е познато дали Јувентус ќе ги задржи тие бодови или повторно ќе биде казнет. Сепак евентуална казна би се одразила на наредната сезона, за оваа веќе сигурно нема да има промени.
Бетони во текстот за порталот „Фудбал Италија“ објави дека судската сага околу Јувентус веројатно ќе продолжи на 4. јуни по завршувањето на актуелната сезона во Серија А.
„Најновата пресуда е најлошото можно сценарио за Серија А со оглед дека конечпниот поредок би можел да биде познат по завршувањето на сезоната.
Тој смета дека за италијанскиот фудбал најдобро ќе беше да се потврдеше или поништеше целосната казна.
Целата ситуација Бетони го потсетува на Калчополи од 2006 година кога на на Фиорентина, Милан и Реџина им беа одземени, па враќани бодови. Јувентус тогаш помина најлошо и заврши во Серија Б.