Дома Фудбал Италија Претседателот на Јувентус фотографиран додека преговара за новиот тренер! (ФОТО)

Претседателот на Јувентус фотографиран додека преговара за новиот тренер! (ФОТО)

Toрински Јувентус оваа сезона ја заврши соработката со Масимилијано Алегри и сега навивачите го очекуваат наследникот на човекот кој освои пет Скудета во низа и играше две финалиња во Лигата на шампионите.

Во Јувентус одлучија дека е време за промени и спогодбено се разделија со Алегри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу имиња се поврзуваа со клубот од Торино, а од ден во ден се појасно станува дека наследник на Алегри ќе биде Маурицио Сари.

Менаџерот на Челзи не сакаше да зборува за можноста да премине во Јувентус пред денешното финале во Лигата на Европа, но сликата која доаѓа од Баку јасно покажува дека нешто се случува помеѓу двете страни.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е фотографиран како во Баку во хотелот каде што се сместени играчите на Челзи разговара со контроверзниот менаџер Фали Рамадани кој е посередник во зделката.

Се претпоставува дека Сари ќе стане нов тренер на Јувентус. Во медиумите на големо се пишува дека се е договорено и дека се ќе биде објавено после финалето во второто по ранг европско натпреварување.

Родениот Наполитанец ги воодушеви сите во Италија со неговиот Емполи, а потоа одлично го водеше и Наполи. Во Челзи се пресели минатото лето, но изгледа дека неговата авантура во Англија брзо ќе заврши.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…